Сабота, Декември 14, 2019
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

КЕНГУР - Меѓународен натпревар по математика за 2011 година

И оваа година, ученици од нашето училиште учествуваа на Меѓународниот натпревар по математика КЕНГУР 2011, кој се одржа на 24.03.2011 година.


КЕНГУР е математички натпревар кој се реализира во сите основни и средни училишта низ Македонија и други земји, каде што има заинтересирани ученици за учество.


Тестот е составен од 30 прашања, за чии одговори освен теоретски знаења од математика, потребно е и логичко размислување.


Тестирањето започнува истовремено во сите училишта, а времето за работа е 1 час и 15 минути.


Ученици од нашето училиште кои учествуваа на натпреварот:


   I година:

      Виктор Апостоловски

      Илија Велевски

      Марија Талевска

      Богдан Стојановски


   II година:

      Павлина Стојановска

      Марина Јовановска

      Фросина Апостоловска


   III година:

      Гордана Николовска

      Габриела Крстевска

      Александар Пејковски

      Стефан Мијаковски

      Александра Груевска

      Мартин Милошевски

      Ангела Неделковска

      Никола Димитриевски

      Александар Чамовски

      Андреас Најдовски

      Даниел Павловски


   IV година:

      Николче Гроздановски

      Ивона Јошевска

Резултатите од натпреварот, поради големиот број натпреварувачи, ќе бидат објавени при крајот на учебнава година, од страна на Сојузот на Математичари на Македонија.

 


Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?