Сабота, Декември 14, 2019
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВО ТВОЕТО УЧИЛИШТЕ  4 април 2011г. (понеделник), 10:30 - 13:30

На ден 04.04.2011 градоначалникот на општина Демир Хисар, Тони Ангелевски, оствари работна посета со учениците, наставниците и вработените во средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“, како и средба со членовите на Училишниот одбор и Советот на родители.

Целта на неговата посета беше да го запознаат учениците, да ги слушне нивните размислувања, директно и непосредно да разговара со професорите и другите вработени за постигнувањата, проблемите и идните проекти на училиштето.

Градоначалникот на матурантите им говореше за неговите програмски преокупации во делот на образованието, најавувајќи го востановување на општинска награда „Ученик на генерација.

Исто така градоначалникот ја промовира и идејата за организирање рекреативен час по пливање во затворен базен во Битола или Скопје, што ќе биде под негово покровителство.

На часот по Геодезија кај учениците од четврта година шумарска струка, во соработка со одговорниот професор, одржа практична настава на тема „Нивелир и теодолит“.

Ни претставува голема чест што градоначалникот додели лична донација на училиштето - „НИВЕЛИР како нагледно средство за шумарската струка.

Во церемонијалниот дел од средбата беше потпишан и Меморандум за соработка во еколошки и други заеднички проекти.

Plakat_Grad

Grad_uc_1

Grad_uc_2

Grad_uc_3

Grad_uc_4

Grad_uc_5

Grad_uc_6

Grad_uc_7

Grad_uc_8

Grad_uc_9

Grad_uc_10

Grad_uc_11

Grad_uc_12

Grad_uc_13

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?