Вторник, Декември 10, 2019
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

ПОСЕТА НА СКОПСКИ САЕМ  - Саем на книгата, 12-17.04.2011г. и Денови на образование и кариера, 13-15.04.2011г.

На 15.04.2011г. (петок), група ученици од II, III и IV година од нашето училиште, беа во посета на 23-ти Меѓународен САЕМ НА КНИГАТА и 14-ти Меѓународен саем ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА.

Ова беше прекрасна прилика за сите помалку или повеќе заљубени во книгите да одберат меѓу понудата од светски бестселери, дела од македонски автори и многу останати книги, за пристапни, саемски цени.

Посебна чест им беше укажана на купувачите на „Прирачник за анти антиалкохоличари“, имено, авторот на книгата, Игор Џамбазов лично пишуваше посвета за секој купувач.

Воедно, членовите на веб-сајтот Сакам книги, на штандот на Бегемот имаа прилика да се запознаат со уредникот на сајтот, Ивана Николовска и да ги купат моменталните хитови од чик-литературата, кои се во издание на Сакам книги.

Со пораката „Подари книга, подари богатство“ се изреализира уште еден Саем на книгата, а учениците-посетители се вратија со убави впечатоци и возбуда околу насловите кои ги избраа за својата лична колекција, или домашна библиотека.

Од посебен интерес за учениците од IV година, беше Меѓународниот саем ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА, каде истовремено беа присутни национални и интернационални образовни установи, како и агенции за вработување и бизнис компании, кои нудат програми за преквалификација.

На сите заинтересирани им беше овозможено да добијат брза и точна информација, како и советување за професионална ориентација преку можности за стручно усовршување.

saem_kniga_2011

obrazovanie_2011

Saem-4

Saem-5

Saem-6

Saem-1

Saem-2

Saem-3

Повеќе фотографии во нашата галерија...

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?