Сабота, Декември 14, 2019
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

ПРОМОЦИЈА НА ЕКО СТАНДАРДИТЕ ПО ПРЕДМЕТОТ СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ - ВТОР ДЕЛ, 21.04.2011г. (четврток)

На 21.04.2011год.(четврток), учениците од II и III година, под менторство на проф. Виктор Митревски, успешно го реализираа вториот дел од планираните активности за промоција на еко стандардите по предметот Спорт и спортски активности.

Во 10:00 часот, учениците и професорот, со велосипеди, тргаа од пред училиштето, следени од група ученици кои пешачеа.

Велосипедот го избравме затоа што е еколошко превозно средство, и ова организирано возење беше нашиот начин да апелираме до граѓаните за негова почеста примена во секојдневието.

Групата ученици се движеше по улиците "Јордан Пиперката" и "Маршал Тито".

Преку еколошките пораки, истакнувањето на потребата од спорт и иницијативата за помало загадување на воздухот со употребата на велосипеди, научивме како придонесуваме за здрава и убава животна средина, а се надеваме дека и успеавме нашите идеи да ги пренесиме на нашите сограѓани.

Целта на оваа активност, повторно, е подигнување на еколошката свест кај учениците и граѓаните.

sp-akt-1

sp-akt-2

sp-akt-3

sp-akt-4

sp-akt-5

sp-akt-6

sp-akt-7

sp-akt-8

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?