Вторник, Декември 10, 2019
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

Нашите ученици во посета на Крушево10.05.2011 год.  ФОТО-ГАЛЕРИЈА

На ден 10.05.2011 год. (Вторник) учениците од I, II и III година од проектните активности Урбана култура, хор и пиер едукаторите од нашето училиште беа во посета на градот Крушево.

Целта на посетата беше да се посетат историските знаменитости на градот, а воедно да се посети и Спомен куќата на најголемата македонска поп ѕвезда Тоше Проески.

Најпрво беше посетен Македониумот”, кој претставува еден од најголемите историски споменици во Републикава.

Потоа ја посетивме Спомен куќата на Тоше, нејновата туристичка дестинација во Крушево, од која бевме воодушевени.

Ја посетивме и тајната работилница за оружје од времето на Илинденското востание, како и куќата музеј во која е сместена галеријата на нашиот истакнат сликар Никола Мартиноски.

Пред заминување ја видовме и една од најубавите резби во Македонија, иконостасот во Храмот Св. Јован.

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?