Четврток, Декември 12, 2019
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

ТТП – Тим за техничка поддршка на ИКТ (информациско - комуникациска технологија)  Видео презентација  Активностите на училиштето во име на Тимот,

Активностите на училиштето во име на Тимот, беа претставени од Ѓоко Мирчевски, ученик во втора-2 клас гимназија, преку видео презентација по повод Патрониот празник на 12.11.2014г.

12 11 Goko

Како претставник на Тимот за техничка поддршка (ТТП) на Информациско Комуникациската Технологија (ИКТ) на СОУ „ Крсте Петков Мисирков“, сакам пред се да му се заблагодарам на Директорот, кој ни овозможи непречено да ги извршуваме активностите на тимот, но исто така ги поздравувам и им упатувам голема благодарност на професорките Маја Лозановска и Валентина Ѓорѓиоска, кои ни овозможија да ги продлабочиме и прошириме нашите знаење од компјутерската техника и информатичката технологија, како и нивна практична примена, за да прераснеме во еден напреден и ефективен тим.

IMAG0874

Но, исто така сакам, да Ви ја претставам и да Ви ја доближам нашата стрплива, долготрајна, напорна работа и вложен труд.

Гледајќи ја и следејќи ја состојбата со компјутерската техника во училиштето, на предлог на професорката по информатика, Тимот е оформен од минатата учебна година, со единствена цел:

Дел од нашето време за слободни активности, да го преточиме во работа со која ќе овозможиме секоја идна генерација да го забележи нашиот труд и напорна работа и да се чувствува како во свој нов дом, како што се чувствуваме и ние сега. 

Со тоа  одлучивме, да ги средуваме поединечно сите училници, една по една, да ги ослободиме од пренатрупани и оштетени кабли,  да ги сервисираме и замениме оштетените делови, да го ставиме во функција секое работно место за секој ученик,  да ги ослободиме од непотребен инвентар, а со тоа да овозможиме висок степен на естетика во секоја училница.

Така  Тимот започна со своите активности да ги реализира своите првични намери, а ќе се залагаме и понатаму за:

  1. Постојано оддржување на компјутерската „хигиена“, која е неопходна  за работњето на компјутерите.
  2. Замена на нефункционалната опрема и замена на неисправните делови.
  3. Оддржување на мрежното работење на компјутерите во училниците.
  4. Се залагаме за естетски, а пред се функционални училници, во кои непречено ќе се изведува современа настава со примена на ИКТ.
  5. Подготовување на компјутерите за екстерното тестирање, кое е уште еден сегмент од нашата работа.
  6. И, веројатно тоа не е се... 

Ние, Тимот за техничка подршка на ИКТ, подготвивме видео презентација со која накратко ќе Ви презентираме дел од нашата работа во училиштето.

Се надеваме дека ќе Ви ги доловиме причините за нашето постоење и залагањата на Тимот за техничка поддршка на ИКТ во нашето училиште.

12 11 16

За активно учество во Тимот и особен допринос, на сите членови им беа доделени Пофалници од училиштето.

 ovaaaa

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?