Вторник, Ноември 12, 2019
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

ДОДЕЛЕНО ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ ЗА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

 СОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Демир Хисар има статус на ЕКО-училиште.

„Зелено знаме“ им се доделува на основни и средни училишта кои успешно ја интегрирале еколошката едукација во својата школска програма.

Училиштата кои ги задоволуваат предвидените критериуми и услови од овогодишниот конкурс на кој аплицираат, се наградуваат со соодветниот статус за зелено знаме.

Овој Конкурс е составен дел од имплементацијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ ја спроведува Министерството за образование и наука, во соработка со Швајцарската агенција за развој и здружението за едукација, консалтинг и комуникација ОХО, со цел да се издигне свеста за заштита на животната средина кај младите. 

eko3

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?