Квалитет
На воспитно образовниот процес
Во училиштето постои одреден степен на усогласеност во врска со целите, стратегиите и насоките на развој на училиштето. Воспоставена е добра соработка со заинтересираните учесници во образованието од локалната заедница и пошироко.
Постои јасно определен систем на права и одговорности и тој им е јасен на сите вработени во училиштето, како и на самите ученици, а за неговата доследна примена допринесува менаџерскиот стил во процесот на комуникација, како со учениците, така и со наставниците.
Постои јасно определен систем за унапредување на воспитанието и образованието кој опфаќа:
- Грижа на вработените за висок квалитет во извршувањето на своите задачи;
- Отвореност на училиштето кон проекти и промени;
- Воспитување и образование во духот на толеранција и почитување на културните, верските, половите разлики и разликите во способностите на учениците;
- Отвореност на училиштето за соработка со локалната заедница, локалните стопански организации, фабрики, културни центри и др. надворешни правни и физички лица;
- Заедничка визија во колективот за насоките на развој на училиштето и за начините како тоа треба да се реализира;
- Односот наставник-ученик се сазнова на почитување на личноста на ученикот, комуникација и координација со учениците и почитување на нивните индивидуални развојни карактеристики;
- Грижа за постојано стручно усовршување на наставниците и стручните училишни служби;
- Воспоставување на добра соработка со образовни институции во државата и надвор од неа;
- Позитивно поткрепување - одбележување на успесите на вработените;
- Вклучување на родителите во работата на училиштето како нераздвоен дел од системот „ демократско училиште“;
- Обучување на наставниците за успешно комуницирање со сите субјекти во училиштето и надвор од него.
- Обезбедување на услови за изведување на практична работа во шумарската струка.